Струката Земјоделство, рибарство и ветеринарство нуди образование за работа во агроиндустријата, ветеринарството и растителната заштита. Под оваа струка се изучуваат следниве профили:
- Техничар за агроменаџмент – 4 години, 40 поени.
- Техничар по ветеринарна медицина – 4 години, 45 поени.
- Техничар за фитомедицина – 4 години, 45 поени.
- Агротехничар (дуална паралелка) – 4 години, 40 поени.
Учениците стекнуваат практични и теоретски знаења преку соработка со компании како Тутунски комбинат АД Прилеп, Агроинвест ДООЕЛ Прилеп и Институт за тутун – Прилеп, при што добиваат месечен износ од 3500 денари за девет месеци во годината.
