Струката Лични услуги нуди образование за профилот Техничар за очна оптика, со 4-годишно траење и 60 поени.
Оваа струка комбинира теорија и практична настава, при што учениците уште за време на школувањето стекнуваат реално практично искуство преку работа во оптиките во нашиот град и соработка со болницата во нашиот град.
Преку практична настава и учење преку работа кај работодавач, учениците се подготвуваат директно за пазарот на труд и понатамошен професионален развој. Профилот Техничар за очна оптика е актуелен, баран и нуди можности за вработување, како и за отворање сопствен бизнис по завршувањето на образованието.
